„Бос“ нема да учествува на модната недела во Њујорк

18 ноември 2016

Модната куќа „Хуго Бос“ потврди дека женската линија, за која е задолжен Џејсон Ву, нема да биде дел од модната недела во Њујорк во февруари.

Одлуката е резултат на новите стратегиски чекори, според кои целата креатива, маркетинг и комуникација ќе биде насочена кон машките колекции. Целта е повторно зголемување на приходите во 2018 година.

Од брендот потенцираат дека без разлика на тоа што нема да се прикажува ready-to-wear колекцијата, соработката со Ву ќе продолжи, бидејќи е екстремно важна.

-Нашата женска линија е и ќе остане клучна компонента на нашата стратегија, како и креативниот импут на Џејсон Ву, кој е екстремно важен за нас. Ја цениме високо неговата работа. Но, есенсцијално е за нас да постигнеме подобар баланс помеѓу нашите машки колекции, кои традиционално се главни, стожерни за нас и нашите женски линиии – вели Инго Вилст, извршниот директор на „Хуго Бос“.

Тој додава дека машката колекција ќе се најде на распоредот од следната сезона.

Инаку, брендот ги крева цените во Европа, но ги спушта во Азија, во обид да го зголемат приходот и да направат јасна поделба на двата бренда – „Хуго“ и „Бос“. „Бос“ ќе се фокусира на деловната облека, додека „Хуго“ ќе таргетира помлади потрошувачи со лежерна облека.

Ќе бидат стопирани и линиите „Boss Orange“ и „Boss Green“.

-Со понатамошното развивање на нашата стратегија, сакаме да го одржиме „Хуго Бос“ на развојот што го имаше претходно. Се посветуваме на нашите потрошувачи комплетно. Со „Бос“ и „Хуго“ имаме два силни бренда со сопствен идентитет, што ќе имаат различни таргет групи – објаснуваат од брендот. 

Објавено:
18 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
92 пати