Божиќната листа на желби на „Гучи“

16 ноември 2016

Модниот бренд „Гучи“ во пресрет на празничната сезона, вчера ја претестави својата божиќна листа на желби и тоа во градината Еден.

Италијанската модна куќа за овој празничен филм како што велат, ја ангажираше режисерката Флорија Сигисмонд. Инспирацијата за приказната е земена од градината Еден, опкружена со егзотични растенија, животни како зебри, птици, мечки, тигри.

Со микс на митот и реалноста, оваа верзија на „Гучи“ градината вклучува и змии, дрвја и јаболка, како директна асоцијација на приказната на гревот на Адам и Ева. Необичен, но впечатлив спој за Божиќ.

Парчињата се селектирани од ресорт колекцијата за 2017 година, а сè под капата на Алесандро Микеле.

Во продолжение погледнете го видеото: 

Објавено:
16 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
154 пати