Божиќната реклама на „Џон Луис“ ја разбранува јавноста

18 ноември 2017

Британскиот синџир стоковни куќи „Џон Луис“ неодамна ја презентираше својата божиќна приказна. Во неа главното место го зазема чудовиштето Моз.

Без разлика што е чудовиште, Моз ќе ви разбуди најубави емоции. Исто така, под видеото има линк, кој ќе ви овозможи на ваш начин да ја продолжите приказната. 

Сепак, голем дел од публиката се изјасни дека е разочарана, дека „Џон Луис“ имале далеку подобри реклами од оваа, како и дека поентата на крај не е сосема разбирлива. На тоа се надоврза и друг проблем, па познатата куќа веројатно не очекуваше ваква бура пред „Божиќ“.

Рекламата се најде во центарот на вниманието поради обвинението против „Џон Луис“ за плагијатизам. Имено, авторот за деца, Крис Ридел вели дека идејата за чудовиште под креветот е негова и објавена во книгата „Mr.Underbed“ од 1986 година.

 

Голем број луѓе по пат на социјалните мрежи се револтирани од ваквиот чекор на познатата куќа, апелирајќи дека треба да се покрене петиција рекламата да биде отстранета. „Секоја година се случува некој да се кити со туѓа креативност. Тоа треба да престане“, „Сите треба да помогнеме оваа неправда да биде исправена“, се само дел од коментарите.

Според бурните реакции, нема да нè изненади ако разврската се случи на суд, бидејќи сличноста е неверојатна.

Сепак, погледнете ги двете верзии и кажете ни го вашето мислење

 
Објавено:
18 ноември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
305 пати