Братот на Кејт Мидлтон отворено за битката со депресијата

15 јануари 2019

Братот на Кејт Мидлтон, Џејмс за прв пат отворено проговори за битката со клиничката депресија и за тоа со какви предизвици се соочил во текот на животот.

За Дејли мејл, тој говори за тоа колку му било тешко да зборува со семејството и пријателите за тоа како се чувствува и за тешкиот период што го преживеал.

Hello Magazine

Подеднакво тешко му било да се соочи и со дислексијата, но ништо не било потешко од тоа да признае дека има проблеми, а открива и дека неговата сестра Кејт најмногу му помогнала во тоа.

„Не можев да комуницирам, дури и со оние кои ги сакав најмногу – моето семејство и најблиските пријатели. Нивните пораки се зголемуваа од ден во ден, но остануваа неодговорени како што тонев сè повеќе во депресијата“, вели братот на војвотката во искреното писмо.

Hello Magazine 1

Додава и дека нема да успеел без поддршката од неговата сестра и принцот Вилијам и нивната организација која третира вакви проблеми.

„Почувствував потреба да говорам отворено за проблемите со кои се соочував, бидејќи тоа е она за што Кетрин, Вилијам и Хари се борат во нивната организација“, вели Џејмс.

Тој говори и за прогресот што го доживеал благодарение на помошта што ја добил од саканите и од стручните лица и дека сето ова што му се случувало било животна лекција за него.

Извор: Daily Mail

Објавено:
15 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
360 пати