Бред Пит гради луксузен ресорт во Хрватска

15 септември 2017

Холивудскиот актер, продуцент и активист, Бред Пит гради луксузен и атрактивен ресорт во Хрватска.
Се работи за проект вреден 1,5 милијарди долари на локација во населбата Заблаче во близина на Шибеник, пренесуваат Vogue.com.au и Harper's Bazaar.

Фото извор: Daily Mail

Во рамките на ресортот се предвидени хотел, вила, ресторани, продавници, голф терени, а целиот проект ќе се базира на принципот за еколошка освестеност.

Актерот минатата недела бил во Хрватска каде се сретнал со архитектот Никола Башиќ, а неговата посета ја поврзуваат токму со овој проект.

Сè уште нема информации за кога е предвидено завршувањето на овој проект, но британските медиуми пишуваат дека веќе добил финансиска поддршка од швајцарски инвестициски фонд.

 

Објавено:
15 септември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
884 пати