Брендот Дона Каран продаден за 650 милиони долари

25 јули 2016

Француската луксузна групација LVMH го продаде брендот Дона Каран за 650 милиони долари на американската компанија G-III Apparel Group, пренесува WWD.

Договорот за продажбата на брендот се очекува да биде заокружен кон крајот на 2016, односно почетокот на 2017 година.


„Dona Karan International е легендарен моден бренд. Животниот стил што го промовира, одговара на потрошувачите во голем број земји во светот. Ќе ни биде чест да го развиваме брендот и понатаму да го прошируваме неговото влијание низ светот", вели претседателот и основачот на G-III Apparel Group, Морис Голдфарб.

Инаку неговата компанија е сопственик и на брендовите: Vilebrequin, Andrew Marc, Marc New York, Bass, G.H. Bass и Weejuns, а поседува лиценци и за Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Карл Лагерфелд и други.
Брендот Дона Каран беше во рамките на групацијата LVMH од 2001 година.

 

Објавено:
25 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
334 пати