Британската дизајнерка Темперли лансираше линија на детска облека

14 септември 2013

Британската модна дизајнерка Алис Темперли креираше прекрасна линија за деца во соработка со Џон Луис.

Следејќи го успехот на Somerset, линијата за жени на Алис Темперли за Џон Луис што беше лансирана минатата година и што доживеа огромен успех, само прашање на време беше кога дизајнерката ќе создаде совршена колекција за деца.

Сега, Somerset Girl, колекцијата на фустанчиња, здолништа, капутчиња, тренерки и џемпери за дечиња од 4 до 12 години се очекува да го доживее истиот успех.

Колекцијата треба да биде пуштена во продажба веќе од следната недела. Дизајнерката вели дека Џон Луис добро ги познава своите клиенти и верува дека колекцијата ќе постигне огромен успех.

„Тие имаат историја со квалитетна облека за деца. Тие знаат како правилно да ги направат работите. Токму тоа ме охрабри да се насочам само кон дизајнот, а не и кон логистиката“, вели дизајнерката, додавајќи дека била исклучително возбудена кога ја создавала оваа колекција, откривајќи дека следната е веќе во производство.

Објавено:
14 септември 2013
Категорија: 
Актуел