Бритни Спирс лансира линија на долна облека

24 јули 2014
Се чини дека страсните фантазии и желби на голем број дами ширум светот (а и на голем број мажи) за само еден месец ќе бидат исполнети. Поп ѕвездата на 1990-тите, „невиното девојче“, Бритни Спирс го најави лансирањето на новата колекција на долна облека за жени насловена „The Intimate Britney Spears“. Линијата нема да вклучува само долна облека туку и ноќници, чорапи, кимона, корсети и многу други парчиња за целосно уживање во спалната соба. Официјално во продажба колекцијата ќе биде пуштена на деветти септември во преку 180 продавници ширум светот.
Инспирацијата за креирање на колекцијата, пејачката ја добила од своите секси изгледи на видео спотовите, а пресуден бил нејзиниот изглед на песната „I'm a Slave 4 U“. Линијата е неверојатно заводлива, зачинета со ретро вибрации и провокативен изглед.
„Секоја жена треба да се чувствува сигурно и убаво во облеката што ја носи. Мојата визија за „The Intimate Britney Spears“ беше да создадам парчиња кои истовремено ќе бидат секси, луксузни и удобни. Многу сум возбудена и ми претставува голема чест што можам со гордост да кажам дека го остварив токму тоа што го замислив и се надевам дека ќе ви се допадне“, изјави Спирс на официјалната прес конференција за медиумите.
Објавено:
24 јули 2014
Категорија: 
Актуел