Брус Џенер –американското лице на трансексуалноста

5 мај 2015

Америка секогаш сака да се пофали со своите демократски размислувања, отворен ум и еднакви можности за сите. Истополните бракови се дозволени во 36 американски држави, а ова прашање станува се поприфатливо дури и во ставовите на републиканците. Посвојувањето деца кај членовите на LGBT заедницата со еднакво темпо ги руши некогаш незамисливите бариери и станува дел од лицето на “новото американско општество“. Алјаска, Колорадо и Вашингтон го легализираа поседувањето и продавањето марихуана, а другите држави ги следат во чекор.

Четири децении по убиството на Мартин Лутер Кинг, симбол на борбата за човековите права на Афроамериканците, американскиот народ со речиси 70 милиони гласови го изгласа првиот црномурест претседател Барак Обама.

Но, и покрај сите овие податоци, Америка е далеку од либерална бајка. Во јужните делови на државата се случуваат прилично „језиви“ ситуации во однос на прашањето на расизам и жестока хомофибија.

Трансексуалноста е исто така една од маргинализираните теми.

Во својата исцрпна анализа на овој феномен, познатиот хрватски моден уредник и колумнист Грго Зечиќ, до детаљ го „раскопува“ профилот на Брус Џенер, новото револуционерно лице на трансексуалноста во америка.

Неодамна, во ексклузивно двочасовно интервју за тв магазинот 20/20 на американскиот ABC канал со легендарната  Дајана Сојер, некогашната спортска икона и почесен олимпиец Брус Џенер, сам со себе се соочи пред цела Америка и јавно ги потврди гласините за неговата трансексуална ориентација.

Ова искрено признание беше шок за Америка!

Во својата анализа, Зечиќ посочува на еден значаен факт: во целото тоа навидум демократско расположение, тивко се провлекува токму прашањето со кое се соочи и Брус Џенер, трансексуалната и трансродовата категорија на луѓе.

Со овој револуционерен потег што го направи тој, почна суштински да се менува колективната свест.

Не е дека се работи за табу тема, но како американската јавност да не навлегува премногу во оваа проблематика и не е доволно запозната со поширокото значење на трансексуалноста.

Во интервјуто, Џенер одговори на ова прашање не за интелектуалците, туку за обичните луѓе во Америка, со тоа што иако тие го доживуваа како сензација и како член на кланот Кардашијан, сега им даде нов дел од себе. Но, не на начинот на кој тие очекуваа: сензационалистички туку како разглобување на општествен проблем со кој долги години лично се соочувал и сега конечно го направил оној ослободувачки и радикален чекор.

Целата американска нација е „скроена“ според ликови и прототипи  од јавниот живот, херои од омилени тв серии или филмски ѕвезди. За секое прашање се бара олицетворение. После неговото интервју, Џенер е лицето на трансексуалците во Америка.

Кој е профилот на Брус Џенер во историјата на амариканскиот шоу-бизнис?

Како што е општо познато, тој е „таткото“ во кланот Кардашијан, очув на Ким и нејзините сестри и тако на Кендал и Кајли. Зад себе има три неуспешни бракови и вкупно шест деца, тројца синови и три ќерки. Ова сензационалистичко семејство е феномен во современиот американски шоу-бизнис и синоним за декаденцијата во глобални размери, но сепак со огромно влијание гледано од секој аспект.

Но, во 70-тите години Брус Џенер беше најголемата спортска ѕвезда во Америка. Спортот го одбележа целото негово детство и адолесценција. Во 1972 година освои златен медал  во една од најтешките атлетски категории, десетобој.  Во тој период од неговиот живот, со совршената фигура и професионалниот статус, бил еден од најпосакуваните мажи.

Во 65-та година од својот живот достигнува до таа зрела фаза кога не само што се разголува пред јавноста, туку тоа го прави на најнеочекуваниот начин што ја шокираше публиката. Во искрен разговор со Дејана Сојер, пред публика од 17 милион гледачи, интервјуто со Брус Џенер го надмина рекордот во гледаност и кога гости во емисијата на Сојер и биле Опра Винфри и Витни Хјустон.

Моментот кога Брус откри дека се чувствува како жена, Твитер биквално го урнаа над 970.000 постови за време на интервјуто. Тој ги сруши сите предрасуди кои трансексуалната заедница ги имаше за него. Зборува преполн со емоции и јасно објаснува што значи да се биде трансексуална личност. Сите тие предрасуди потекнуваат од незнаењето на современиот свет за поширокот значње на трансексуалноста.

После ова негово животно сведочење, се огласија и академиците кои целиот свој живот ја истражуваат оваа тема, и пријатно изненадени од неговиот потег, вниманието го насочија на неговото излегување од кланот Кардашијан и новиот статус на „американското лице“ на трансексуалноста.

Џенер го најави и своето ново релано шоу во кое ќе се следи целиот процес на трансформација, што дополнително укажува на неговата сериозна намера да ги промени општествените гледишта во групата на луѓе на која тој и’ припаѓа.

#t=79

Објавено:
5 мај 2015
Категорија: 
Актуел