Булгари со нова колекција за помош на детска организација

13 мај 2014

Save the children organization со работа започнува во 2009 година и до сега  успеала да собере над 20 милиони долари за здравствена заштита во најзагрозените, сиромашни делови во 23 земји, на четири различни континенти.

Челните лица на Булгари се надеваат дека со продажбата на накитот кој е достапен на нивнион онлајн шоп ќе успеат да соберат околу еден милион долари и со тоа ќе спасат 50 животи на новороденчиња и нивните мајки.

Колекцијата накит е составена од прстени и ѓердани кои се продаваат по цена од 480 долари, од кои 100 долари ќе бидат донирани во организацијата. Меѓу познатите кои ја подржаа оваа акција се Мег Рајан, Бен Стилер и Наоми Вотс, кои биле забележани како носат накит од Булгари наменет за оваа хуманитарна цел.

Објавено:
13 мај 2014
Категорија: 
Актуел