Целото семејство Бекам на сет на серијата „Modern Family“

11 август 2017

Медиумите вирално ја пренесоа фотографијата што Викторија Бекам ја објави на својот Инстаграм профил од гостувањето на нејзиното семејство на сет на популарната серија „Modern Family".

Дејвид и Викторија Бекам заедно со нивните деца, се фотографираа со актерот Џеси Тајлер (кој во серијата ја игра улогата на Мич) во добро познатата дневна соба во студиото ABC.

По оваа фотографија веќе се отвори и прашањето, дали можеби семејството Бекам или некој нивен член, ќе гостува во некоја од сериите? Одговор сѐ уште нема.

Фото извор: Викторија Бекам, Инстаграм

Објавено:
11 август 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.233 пати