CFDA ги објави модните номинации за оваа година

12 март 2014

Номинациите за оваа година кои што ги доделува Советот на модни дизајнери од Америка (CFDA), вчера вечер беа објавени, а дизајнерските имиња кои се најдоа во номинираните категории воопшто не изненадија. Манифестацијата во чест на најголемите и најуспешните во модната индустрија ќе се одржи на втори јуни во концертната сала Alice Tully Hall, во Линколн центарот во Њујорк, а домаќин на настанот ќе биде американскиот филмски режисер, сценарист, актер, стенд ап комичар и новинар, Џон Вотерс.

Марк Џејкобс Марк Џејкобс

Највозбудливиот момент се очекува да биде доделувањето на признанијата во категоријата на Сваровски, бидејќи номинациите се однесуваат на новите модни таленти. Во продолжение еве кои дизајнери ја имаа честа да се најдат на листата номинирани:

Александар Ванг и Џозеф Алтузара Александар Ванг и Џозеф Алтузара

Награда за дизајнер на женски колекции на годината: Александар Ванг, Џозеф Алтузара и Марк Џејкобс.

Максвел Озборн и Дао Ји Чу Максвел Озборн и Дао Ји Чу

Награда за дизајнер на машки колекции на годината: Максвел Озборн и Дао Ји Чу за Public School, Маркус Вејнврајт и Дејвид Невил за Rag & Bone и Том Браун

Мери Кејт и Ешли Олсен Мери Кејт и Ешли Олсен

Награда за дизајнер на аксесоари на годината: Александар Ванг, Лазаро Хернандез и Џек Мекало за Проенза Скулер и Мери Кејт Олсен заедно со Ешли Олсен за The Row.

Рози Асулин Рози Асулин

Сваровски награда за женска колекција на годината: Шејн  Гебиер и Кристофер Питерс за Creatures of the Wind, Рози Асулин и Вес Гордон.

Вес Гордон Вес Гордон

Сваровски награда за машка колекција на годината: Тим Копенс, Тод Снајдер и Шејн Оливер за Hood by Air.

Ирене Њувирт Ирене Њувирт

Сваровски награда за најдобар дизајн на аксесоари: Ирене Њувирт, Џенифер Фишер и Марк Алари.

Том Форд Том Форд

Наградата за животно дело „Geoffrey Beene“ ќе отиде во рацете на Том Форд, а интернационалната награда ќе ја земе Раф Симонс.

Раф Симонс Раф Симонс

Објавено:
12 март 2014
Категорија: 
Актуел