Чевлите Др.Мартинс добија фрагмент од „ Градината на земните задоволства“

27 јануари 2014

Доколку сте пристрасни на обувките  од Др. Мартинс, тогаш сигурно ќе го посакате и новиот модел чевли, инспирирани од уметничката слика на холандскиот уметник, Ероним Бош. Тој е оценуван како брилијантен и ексцентричен средновековен  сликар, чија работа е автентична по необичната  иконографија.

 

За значењето на сликата која е искористена како принт на овие чевли, научниците и историчарите на уметноста ја дефинираат како спој на гревот и страста. Инаку, овие чевли се веќе достапни во продажба , а нивната цена изнесува 180 долари.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел