Collette Dinnigan ја затвора својата луксузна невестинска линија

30 октомври 2013

 

Брендот Collette Dinnigan ја затвора својата луксузна невестинска линија кон крајот на годинава. Сепак брендот ќе продолжи со производство и креирање со своите стандардни колекции облека за жени, но и за деца.

 

 

Причината за ваквата одлука австралиската дизајнерка ја наведува во потребата да поминува повеќе време со своето семејство, особено сега кога се породи со втор син. Како причина го наведе и недостатокот на ресурси и потрагата по инвеститори кои би помогнале во раширување на брендот, која потрага заврши неуспешно.

 

 

Планирано е брендот да ги затвори и своите три продавници во Лондон, Сиднеј и Мелбурн до Нова Година, а исто така го откажа и својот настап на Париската Модна Недела. Таа беше приморана да ја затвори својата луксузна невестинска линија по објавувањето на нејзината книга насловена „Obsessive Creative“ (Опсесивно креативна), во чест на прославувањето 24 години од својата модна кариера.

 

 

„Книгата е ретроспектива на мојот живот и ме натера да престанам да размислувам за моите неверојатни патувања кои сум ги имала до сега. Ми ги разбистри мислите, во поглед на тоа дека јас го жртвував моето семејство со цел да изградам кариера и да опстанам во модниот бизнис. Единствено нешто што посакувам во моментов е да си воспоставам рамнотежа и хармонија со моето семејство, сопругот, девет годишната ќерка и моето мало бебе“, вели дизајнерката.

 

 

 

Објавено:
30 октомври 2013
Категорија: 
Актуел