Црвен килим на Модните оскари: Од тренди до кич комбинации

5 јуни 2019

Во Њујорк вчера се одржаа таканаречените Модни оскари, односно CFDA наградите кои ги доделува Советот на модни дизајнери на Америка.

Како што е веќе познато, наградата за Модна икона ѝ припадна на Џенифер Лопез, додека признанието за Најдобар дизајнер отиде во рацете на Брендон Максвел (за женска облека).

Во машка катергорија пак, Рик Овенс ја доби наградата за Најдобар дизајнер на машка облека.

За „Ново име“ во модната индустрија е прогласена Емили Адамс Боде, креативната директорка на брендот „Bode“. 

Кога е дизајнот на модните додатоци во прашање, наградата отиде во рацете на сестрите Олсен, одлука која многумина ги изненади.

Основач на годината е Карин Ројтфелд, а најдобар моден новинар Лин Јагер. 

Carine Roitfeld

Меѓународната награда „Валентино Гаравани и Џанкарло Џемети“ ѝ е доделена на Сара Бартон, креативната директорка на „Александар Меквин“. За крај, посебната нагрда на Управниот одбор замина во рацете на куклата „Барби“.

Освен наградите, во странските модни медиуми се коментираше и црвениот килим. Иако оваа манифестација ја нарекуваат „Модни оскари“, сепак стајлинзи за „Оскар“ се броеја на прсти.

Џенифер Лопез во креацијата на Ралф Лорен е на позитивната листа на најдобро облечени. Таму се и Амбер Валета во фантастичното колор-блок одело, Бела Хадид во светкава гламурозна креација на Мајкл Корс.

Amber Valletta In Alexander McQueen

Bella Hadid In Michael Kors

Моделот Камил Морон, девојката на Леонардо Дикаприо одржа лекција за класична елеганција во црно-белата комбинација. Меѓу добро облечените и Дајан Кругер во розовиот слип фустан, како и Доцен Крус во сосема „затворениот“ фустан со ролка, која сепак зрачеше со сексапил. 

Camilla Morrone

Diana Kruger In Jason Wu

Doutzen Kros In Sies Marjan

Од друга страна пак, Бебе Реџа се појави во краток, светкав фустан, кој ѝ донесе место на листата на најлошо облечени. Ни комбинацијата на Емили Ратајковски не е баш среќна, иако поединечно се работи за трендовски парчиња.

Bebe Rexha In Jason Wu

Emily Ratajkowski In Hellessy

Хајди Клум ќе поминеше многу подобро да ги немаше темните хулахопки, а комбинацијата на Џоан Смолс е премногу обична и „средношколска“ за ваков настан.

Heidi Klum In J. Mendel

Joan Smalls In Pyer Moss

Во продолжение погледнете ги сите фотографии од црвениот килим. Чија креација вам најмногу ви се допаѓа?

 Alek Wek

Anna Wintout

Anne V In Nicole Miller

Ashley Graham In Christian Siriano

Barbara Palvin in Diane von Furstenberg

Beanie Feldstein In Kate Spade

Bee and Ana Wintour

Bernadette Peters In Bob Mackie

Brad Goreski

Brook Shields In Sachin & Babi

Ciara In Vera Wang

Cindy Bruna In Angelys Balek

Devon Windsor In Kobi Halperin

Eileen Fisher

Elsa Hosk

Geena Rocero In Veejay Floresca

Gigi Hadid In Off-White

Grace Elizabeth

Halima Aden in Tommy Hilfiger

Heidi Gardner In Badgley Mischka

Hilary Rhoda

Jenna Bush In Lela Rose

June Ambrose

Karolina Kurkova In Tommy x Zendaya

Kat Graham

Lala Anthony In Sally LaPointe

Laura Harrier In Khaite

Lauren Santo Domingo

Lili Reinhart

Lily Aldridge In Brandon Maxwell

Lily Nova

Maria Borges In Azeeza

Marianne Rendon In Jonathan Cohen

Martha Hunt In Monique Lhuillier

Nicole Miler

Olivia Palermo and Valentino In Archival Valentino Couture

Olivia Palermo

Presley Gerber

Rachel Zoe In Rachel Zoe

Sadie Sink In Kate Spade

Shailene Woodley In Jonathan Simkhai

Taylor Hill

Teyana Taylor

Tom Ford In Tom Ford

Tory Burch In Custom Loewe

Veronica Webb

Virgil Abloh In Off-White

Winnie Harlow In Christian Siriano

Yara Shahidi In Monse

Zac Posen adn Fei Fei Sun

 

Објавено:
5 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.876 пати