Дајан фон Фурстенберг советува што да правите до 30-тата!

5 октомври 2016

Со кариера повеќе од 30 години и големо животно искуство, модната дизајнерка Дајан фон Фурстенберг одлучи да сподели неколку совети со оние што сѐ уште не ги преминале 30-тите.

Поучена од сопствените грешки и предизвици, таа сега е самоуверена жена што знае што сака.

Еве ги нејзините кратки совети:

- Желбите за Нова година нека станат ваши желби за идната животна деценија. Ако сакате да престанете со некоја лоша навика, сторете го тоа сега. После 30-тата ќе биде потешко.

- Секогаш, без исклучок, заштитете ја својата кожа од сонце. Јас не го правев тоа секогаш, затоа сега на сите им го зборувам истото.

- Оставете ја косата на мира. Не бојадисувајте ја. Одржете ја здрава. Негувајте ја според потребите.

- Во времето кога јас бев на прагот на 30-тите, се носеше многу шминка. Кармин, сенки и маскара беше нешто задолжително. Но, вие помирете се со своите навики. Ако не сте од оние што сакаат да се шминкаат, тогаш не правете го тоа. Ако ја сакате шминката, тогаш шминкајте се. Тоа е ваше право. Ете, толку е едноставно. Но, тоа не значи дека не треба ни да експериментирате макар понекогаш.

- Патувајте сами. Еднаш годишно одвојте време за тоа. Но, навистина сами, уживајте во себеси. Остварете врска со себеси, да се осознаете и да се изградите како личност, човек. Тоа е најважно.

- Најдете време за вежби. Нека се едноставни и брзи, само најдете време и работете ја. Јас топло ја препорачувам јогата.

- Водете дневник. Може да биде класичен, а може да биде и визуелен, Инстаграм дневник. Ќе се радувате еден ден на спомените. Животот е прекрасен, не стравувајте да ги отворате новите врати.

- Ти си тоа што јадеш. Затоа, внимавајте како се храните. Трудете се да имате здрави оброци.

- Облекувајте се убаво. До 30-тата веќе треба да знаете што добро ви стои. Треба да знаете кои сте. Нека основните парчиња бидат сериозни, но експериментирајте во модните додатоци и комбинирањето.

Објавено:
5 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.300 пати