Дали Марк Џејкобс го носеше истиот аутфит во текот на целата модна недела?

15 февруари 2014

Марк Џејкобс се појави во истиот стајлинг, Адидас тренерки во бордо нијанса и црвена блуза на сопствената модна ревија и на дебитантската ревија на Кејти Хилиер и Луела Бартли за Marc by Marc Jacobs.

Истиот стајлинг беше доволна причина новинарите да го искритикуваат потегот на дизајнерот поставувајќи си ред прашања, како што се на пример:  Дали Џејкобс имал премногу работа што немал време или заборавил да се пресоблече?, Дали веќе има изградено толку добар статус што не се грижи во што се појавува? и последното Дали е ова начин за рекламирање на спортскиот бренд Адидас?

Објавено:
15 февруари 2014
Категорија: 
Актуел