Веќе неколку дена главна вест во медиумите е филмскиот фестивал во Кан каде може да видиме голем дел од познатите холивудски ѕвезди, но како и секоја година, моделите се тие што го одземаат вниманието.

Познатата модна куќа за накит Шопард вчеравечер организираше забава на која се појавија голем број ѕвезди, а најмногу внимание предизвика Кендал Џенер која е позната по секси комбинациите.

Токму во таков фустан што целосно и ги откриваше градите се појави и вчеравечер, во комбинација со високи црни потпетици и неодолив златен накит.

Подеднакво секси беа и нејзините колешки Стела Максвел која се одлучи за долг црн фустан и Ирина Шајк која како и секогаш, изгледаше неверојатно.

Во галеријата погледнете ги сите фустани кои познатите дами ги одбраа за блескавата забава на Шопард во рамки на Кан.

 Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
12 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
757 пати