Дамски, а урбани мантили и капути на Елена Лука на 50 % попуст

1 февруари 2019

Домашниот моден бренд Елена Лука, ви овозможува месецот да го започнете со стил. Со оглед на тоа дека со завршувањето на јануари, заврши и празничниот период кога сите си дозволивме да се опуштиме во секоја смисла на зборот, со првиот ден од февруари нека започне вашата трансформација.

Доколку сè уште не го најдовте совршениот капут за вас, ова е вистинска можност.

Во Елена Лука во тек се попустите на одредени модели на капути на 50 проценти. Нашиот предлог е овој сив капут со прав крој, идеален за сите дами. Совршено парче е за заокружување на елегантен изглед, но поради кројот и бојата, лесно може да се вклопи и во деловни комбинации.

Го красат копчињата на страничните фалти, како и големото копче во делот на околувратникот.

Попустите важат и за мантили за кои сме сигурни дека одлично ќе се вклопат во вашиот стил за претстојната пролет.

Елена Лука во понудата има мантили и капути и во впечатливи бои, како што се овие на фотографијата, кои дефинитивно ќе ја направат вашата комбинација свежа, забележлива и моќна!

Колоритот е тренд број еден во светот последниве две сезони, што е исто така е тенденција што овој моден бренд ја имплементира во своите дизајни. 

Кај моделите од фотографиите, впечатливи се големте џебови, парчињата во предниот дел на мантилот, како и ременот. 

 

Не пропуштајте ја можноста да имате уникатно, брендирано парче, во кое ќе бидете впечатливи, а кое истовремено ќе ја истакне вашата женственост и елеганција, сега по цена намалена за дури 50 проценти.

 

Објавено:
1 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.047 пати