Даниел Караќоњи е новиот Мистер на Србија

14 јуни 2013

На  годинешниот Интернационелен избор за Мистер во Индонезија кој ќе се одржи во месец ноември, Србија ќе го испрати 26 годишниот Даниел Караќоњи од Сомбор, кој ќе патува заедно со словенечкиот претставник, Јуре Руганијем. Српскиот финалист Даниел беше дел од жири комисијата на финалето во Словенија кога за победник беше прогласен Јуре.

 

Во комисијата исто така беа познавачи на модата како и Интернационалниот Мистер од 2010 година, Рајан Тери. Инаку, српскиот победник Даниел има соработувано со агенцијата  „Мистер Модел“ од Љубљана, па од тука се претпоставува дека добил најмногу поени за ласкавата титула. Тој е дипломиран новинар по професија и во иднина се гледа како организатор на настани или лице за односи со јавноста, а титулата се надева дека ќе му донесе нови пријателства, убави искуства и нови работни ангажмани.

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Актуел