Даниела Милошеска од Бастет Ноар ќе гостува на Startup Grind Skopje

1 јуни 2015

Оваа среда од 18 до 21 часот, во Coffice (нов co-working простор) ќе биде одржан Startup Grind Skopje, настан организиран од Clear View BTC, а поддржан од Google for Entrepreneurs, на кој ќе гостува Даниела Милошеска од Бастет Ноар, македонски стартап кој промовира балкански дизајнери на светската сцена.

Целта на овој настан е да инспирира, да даде насока и да ја мотивира работата на младите претприемачи и да даде одговори на значајни прашања што го дефинираат успехот на современиот бизнис.

Даниела ќе зборува за преживувањето на првите 2 години на водење стартап воопшто, и моден стартап како специфична определба.

Како што велат организаторите, Даниела не e избрана случајно за говорник, туку доаѓа да го прослави Female Founders Month, односно месецот на девојки-претприемачи кои успеваат во предоминантниот машки свет.

„Даниела Милошеска е основач на Бастет Ноар, првата онлајн-продавницата што ги поддржува балканските дизајнери кои практикуваат еколошки начин на производство. Храбро започна пред 2 години, кога онлајн трговијата, онлајн плаќањето во Македонија и еко-модата беа поими завиени со скептицизам. Денес не само што успеа да придонесе кон тоа македонски дизајнери да пласираат дел од своите производи на нови пазари, туку има и низа признанија од кои најсвежо е признание и од Conscious Living платформата, како еден од најдобирте 20 сајтови за еко мода“, гласи портфолиото на Даниела.

Таа го отвари и првиот Co-working простор во Скопје, Coffice чија цел е е да им помогне на сите стартап основачи, фрилансери или ентузијасти да добијат пријатен работен простор со разумна цена.Од овој месец, и во Скопје тоа ќе го понуди Coffice.

Инаку Clear View BTC - Бизнис Tренинг Центар, стана место каде менаџерите од различни компании доаѓаат да го прошират своето знаење и на тој начин да станат поефикасни, а нивните компании поуспешни. Основната идеја е да се овозможи квалитетна дополнителна едукација во Македонија за воспоставување на обучени раководни структури, преку имплементација на менаџмент тренинзи кои се лесно достапни, со заштеда на време и пари за целните потрошувачи.

Објавено:
1 јуни 2015
Категорија: 
Актуел