Дејвид Бекам е најдобро облечениот маж според GQ

4 јануари 2019

Кон крајот на секоја недела, познатиот магазин GQ ги одбира најдобро облечените мажи во изминатите денови, а сосема очекувано, последно го објави изборот за најдобро облечен маж во текот на целата година.

Веројатно претпоставувавте и пред да ви откриеме, дека Дејвид Бекам по којзнае кој пат ја доби титулата и тоа сосема заслужено.

Popsugar

На секој настан каде што ќе се појави, секогаш изгледа беспрекорно, најчесто со внимателно одбрани троделни костими, модни додатоци како шапки и марами, впечатливи чевли и вратоврски.

Во оние секојдневни варијанти, речиси секогаш можеме да го видиме во панталони, кошулка или блуза со елече или шик капут.

На второто место се најде актерот Роберт Патинсон кој секогаш изгледа одлично во костимите на Диор, додека на третото актерот и рапер Лакит Стенфилд кој секогаш прави храбри и неочекувани комбинации и одлично му стојат.

Останатите погледнете ги на следниов линк, а првите десет подоле на фотографиите.

Дејвид Бекам

2

Роберт Патинсон

3

Лакит Стенфилд

4

Мрган Фриман

5

Тимоти Шаламе

6

Калид

7

Том Брејди

8

Зејн Малик

9

Тајлер

10

Џоел Едгертон

Објавено:
4 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.389 пати