Денеска започнува осмото издание на Модниот викенд Скопје

22 октомври 2013

Осмото по ред изадание на Модниот викенд Скопје започнува денеска со ревија на македонскиот дизајнер Никола Ефтимов, која е закажана со почеток во 19.30 часот во просториите на катната гаража  „Св. Кирил и Методиј“.  Следно се закажани ревиите на Chic Undercowear by Boban Ilievski со почеток во 20.30 часот, а еден час подоцна со модна ревија ќе се претстави и брендот Diesel.

Оваа година тематската идеја на Модниот викенд е експанзијата на панк и гранџ стилот, во една поинаква стилска форма, а дизајнерите се водат под слоганот „Време е за камбек“.

Она што е поразлично во однос на изминатите изданија е промената на локацијата каде ќе се одржуваат ревиите. Салонот на Порше, каде се одржуваа најголем дел од ревиите, сега е заменет со катната гаража „Св. Кирил и Методиј“, а дел од настаните ќе се одржат и во Старата скопска чаршија и во Музеј на град Скопје.

Програмата финишира на 30-ти октомври.

Објавено:
22 октомври 2013
Категорија: 
Актуел