Денови посветени на жената во Македонско село - одлична програма во која ќе уживаат сите дами

2 март 2017

Во месецот посветен на жената, комплексот Македонско село нуди одлична програма што ќе ги воодушеви вашите сакани дами.

Од 3-ти до 12-ти март во прекрасниот амбиент на комплексот Македонско село ќе се одржуваат Деновите посветени на жената, во рамките на кои ќе се подготви специјално мени со вкусна традиционална храна, богата музичка програма, креативна детска работилница за изработка на осмомартовски подароци и уште многу други активности.

„Толку убави, големи зборови се кажани за жената, и се чини дека никогаш не е премногу и никогаш не е доволнокажано. Тогаш кога зборовите недостасуваат или изгледаат премали, делата започнуваат да говорат", велат од Македонско село и ве покануваат да им покажете на вашите дами колку ви значат.

Во ресторанот „Македонски ан" за време на Деновите посветени на жената ќе имате прилика да уживате во богата музичка прогама и ќе создадете назаборавни спомени со вашите сакани.

 

Чист воздух, панорамски поглед, вкусна храна и многу љубов – идеален амбиент во кој ќе уживаат сите дами.

 

 

 Спонзорирана објава

Објавено:
2 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
133 пати