Mодни парчиња што мажите ги сметаат за одбивни кај жените

3 јули 2018

Иако мажите речиси секогаш се обидуваат да нè пофалат за тоа како изгледаме, постојат парчиња од кои не секогаш се воодушевени.

Како што ние жените сакаме нашите мажи секогаш да изгледаат средено, така и тие сакаат да имаме свој стил и да не ги следиме слепо трендовите.

Без разлика на тоа колку ние сме вљубени во некои трендови, момците едноставно понекогаш не разбираат зошто е тоа така. Космополитан направи мини анкета со неколку момчиња, а ова е нивниот резултат.

1.Истуткана кошула

Момците не секогаш го обожаваат трендот на широки, истуткани кошули со кои ние понекогаш сакаме да оставиме впечаток на лежерност, особено во слободните денови.

2.Чорапи и сандали

Иако можеби овој тренд ви се чини сладок на прв поглед, момците не гледаат никаква поента во комбинацијата на чорапи и сандали.

3.Крокс сандали

Тука воопшто нема потреба да се коментира!

4.Широки фармерки

На многу момци не им се допаѓа кога ќе ги видат своите сакани во широки фармерки, бидејќи тие не им изгледаат привлечно.

5.Килоти

Без разлика на тоа колку се удобни, тие не секогаш изгледаат привлечно и не се баш среќен избор за посилниот пол.

6.Боксерки

Иако некои момци сметаат дека ваквата долна облека е секси, многумина од нив ќе кажат дека тие се исклучиво за момци.

7.Предолги или многу куси панталони

Иако ваквите кроеви многупати досега биле голем тренд, момците сакаат едноставни панталони и фармерки со кои ќе ја истакнете вашата фигура.

8.Фармерки со низок струк

Поголем број анкетирани момци ќе кажат дека ваквите панталони или фармерки воопшто не им изгледаат добро и дека ниту малку не изгледаат дамски.

9.Претесни фармерки

Иако понекогаш знаеме да купиме еден помал број фармерки со цел да симнеме некој килограм, момците сакаат фармерките никогаш да не бидат претесни и да се оцртуваат нашите линии.

Објавено:
3 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
393 пати