Пјер Касираги, синот на принцезата Каролин од Монако и внук на Грејс Кели, денеска ќе го каже судбоносното „да“ на неговата избраничка, прекрасната Беатриче Боромео.

И двете семејства велат дека би сакале церемонијата да не биде многу спектакуларна и луксузна, но сите се свесни дека тоа нема да биде така.

Инаку, денеска ќе се случи официјалната церемонија во кралската палата на Принцот Алберт и забава во градината, а веќе следниот викенд на еден од италијанските острови на аристократското семејство на невестата, ќе биде одржана луксузна прослава.

Прекрасните Пјер и Беатриче се запознале во мај, 2008 година на миланскиот Бокони Универзитет каде принцот студирал меѓународен бизнис, а Беатриче студии по право.

Имено, Беатриче е позната по нејзината аристократска убавина, која беше забележана и од бројни светски модни куќи на чии ревии таа има учествувано.

Таа е позната и по безпрекорниот стил, а светот нетрпеливо чека да види кој ќе биде дизајнерот во чиј фустан Беатриче денеска ќе се појави на венчавката.

Ние веруваме дека таа ќе изгледа како вистинска принцеза, а воопшто не се сомнеавме ниту во изборот на нејзиниот иден сопруг.

Извор близок до кралското семејство, посочува дека младата двојка посакала на забавата по церемонијата сите гости да се појават во традиционални носии од земјите од каде доаѓаат, за прославата да биде уште позабавна.

По завршувањето на денешната прослава, двојката ќе се подготвува за луксузната прослава на островите Боромео во Италија, во сопственост на семејството на невестата кое е едно од најбогатите, аристократски семејства со фасцинантна историја.

 

Објавено:
25 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.673 пати