Девојчето од интервјуто стана инстант модна икона

18 март 2017

Веројатно деновиве го погледнавте видеото во кое професорот Роберт Е.Кели стекна светска популарност благодарение на неговите деца и сопругата кои беа ултра смешни во позадина додека тој даваше изјава во живо за Би – Би – Си.

Иако тој ќе каже дека не почувствувал поголем срам во животот, што и се гледа на видеото и сметал дека телевизијата повеќе никогаш нема да му се обрати, се случи токму спротивното.

Неговото семејство стана вистински хит за неколку часа по социјалните мрежи, па првите луѓе на телевизијата решија да ги поканат на прес конференција каде подобро ќе ја објаснат целата ситуација.

Имено, додека тој даваше изјава преку Skype за Би – Би – Си, неговите две преслатки дечиња неочекувано влегоа во собата и направија вистински хаос за неколку секунди за подоцна неговата сопруга Џунг да ги „прибере“ на уште посмешен начин.

На прес конференцијата закажана неколку дена подоцна тие се појавија како вистинско кул семејство во кое светот се заљуби од прва, а најголемо внимание предизвика малата Марион која преку ноќ стана мала модна икона.

Нејзината легија на фанови преку ноќ објави неверојатно смешни фотографии од неа со уште посмешни описи, меѓу кои и тие дека е најкул девојчето на светот, задолжително да се кандидира за претседател, колку е супер нејзината комбинација и каде да се најдат парчињата и уште многу други.

Малиот тренч мантил беше дефинитивно парчето со кое таа го освои светот, а кое и прилегаше неверојатно слатко.

Марион е подеднакво слатка и во првичното видео во кое со посебен став „влетува“ во канцеларијата на нејзиниот татко, а по неа и нејзиниот помал брат Џејмс и тогаш почнува вистинскиот хаос.

Особено шармантно е нејзиното жолто џемперче во кое изгледа неодоливо, но и слатките розови очила кои прават да биде уште послатка.

Погледнете ги фотографиите со кои Марион го освои светот за само 24 часа!

Објавено:
18 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.027 пати