Diesel не' навраќа во ренесансата со Микеланџело и Аведон

12 јули 2014

Diesel Reboot е новиот темел на кој ќе се гради визионерството на модниот бренд, а креативниот директор Никола Формичети креациите ги дефинира како спој на минатото со иднината со влијание на неокласицизмот.

„Креациите се обид за гледање на италијанската мода низ историјата и директно навраќање во периодот на ренесансата. Идејата е да се вклопат најголемите дела во една визуелна култура“ – изјави познатиот фотограф Ник Најт, кој ја имаше честа да ја сними рекламната кампања за сезоната есен – зима 2014/15 година.

Од Микеланџело Буонароти па се до Ричард Аведон, богатството од уметнички дела е искористено како инспирација за новата кампања на Diesel, а всушност ова е и почеток на новата ера на Формичети во модниот бренд.

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Актуел