Диор отвори нов детски продажен салон во Париз

26 јуни 2014

 

Метрополата Париз доследна на епитетот кој го носи, освен што пулсира во ритамот на модната недела, паралелно е приоритетна локација за отворање на новите продажни салони на реномираните светски брендови. Токму едена таква нова специјализирана продавница, на уште полуксузна локација од модната метропола, има новиот салон за деца на Диор.

Со свечена коктел забава и официјално беа отворени вратите на детскиот оддел на Диор, а меѓу гостите беше и познатата Елена Перминова во друштво на нејзините малечки синови.

-Ги сакам брендовите за деца, а посебно сакам да им купувам на моите најдраги чевли и јакнички, изјавува манекенката и џетсетерка Перминова.

Уметничкиот директор на детската линија на Диор, Корделија де Кастелан е задолжена за декорот на продавницата. За медиумите таа објаснува дека целосниот спој на ентериерот е изработен и избран пред се со голема љубов и на некој начин претставува како голема куќа за деца, а детската и бебешката облека отсекогаш биле дел од приказната на брендот.

Cordelia de Castellane / Sidney Toledano Cordelia de Castellane / Sidney Toledano

Инаку, во огромниот продажен салон има како облека така и аксесоари. Освен во Париз, детските бутици на Диор ги има уште околу 20 земји низ целиот свет.

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Актуел