Дизајн што продава - бизнис викенд во Јавна соба

15 март 2017

Честопати се прашуваме која е причината што младите претприемачи од Македонија не успеваат да ги дигнат своите брендови на ниво на национални или регионални? Дали причината е домашниот пазар или недостаток на одредени вештини кои не се стакнати за време на образованието, или пак постои друга причина? Дизајнерите, а особено младите дизајн брендови кои нудат производ, видно заостануваат зад млади брендови во регионот.

Во период 17. - 19. март, Јавна соба ќе биде центар за размена на деловно - практични искуства помеѓу успешни дизајнери, комуниколози и маркетинг експерти кои имаат огромно практично искуство кое им е во овој момент нужно на младите претприемачи од Македонија. Програмата e целосно насочена им помогне на младите претпримачи да развијат поиновативен пристап до пазарот, основаат здрава комуникациска стратегија, да ја зголемат нивната конкурентност преку мудри и креативни одлуки што резултира со зголемување на продажбата како на домашен така и на странски пазар.

Настанот е отворен за јавноста, влезот е слободен за време на предавањата, а програмата нуди и дополнителна можност за „тет а тет“ средби и соработка со дизајнери и маркетери од регионот, кои работат за едни од највлијателните брендови во индустријата ( Србија Телеком, Просторија, Гир) и кои знаат дека дизајнот ја игра највлијателната улога во процесот на креирање бренд, пораката која се испраќа на клиентите и градењето на стабилна врска со истите.

Подетално за настанот може да се информирате на овој линк.

Објавено:
15 март 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
102 пати