Дизајнерот Брендон Максвел ја фотографираше баба си за новата кампања

29 август 2018

„Бабите се кул“ би звучела накратко пораката на дел од дизајнерите оваа есен. Имено, неколку дизајнерски кампањи за претстојната сезона вклучуваат жени над 70 години.

Дизајнерот Брендон Максвел на пример, ја фотографираше токму својата баба, 81-годишната Луис Џонсон. Во една пригода ќе каже дека токму благодарение на неа почнал да се занимава со дизајн. Имено, Луис купувала облека за бутик во неговиот роден град Лонгвју во Тексас, па оттаму и му ја вродила љубовта за модата.

 

За тоа дека има посебна врска со својата баба, ќе потврди и со оваа кампања, снимена во домот во кој што пораснал и во спалната соба на баба му каде што и тој самиот многупати лежел, што буди посебни емоции кај него. Инаку, кампањата е снимана на „старомоден начин“ без било каква дигитална опрема.

„...Имавме само еден обид да направиме автентична фотографија и надеж дека ќе излезе како што треба...“, вели дизајнерот на неговиот Инстаграм профил.

 

Но, како што споменавме, Брендон не е единствениот дизајнер што се одлучи на ваков чекор. Брендот „Хелмут Ланг“ за есенската кампања ангажираше повеќе повозрасни модели, помеѓу кои и 86-годишните Дилис, која го држи рекордот за највозрасен падобранец и Маргарет, бабата на стулистот на кампањата. 

Меј Муск (70) е една од 19-те лица во последната кампањата на „Монклер“.

За потсетување, „Гучи“ за својата есенска кампања ја ангажираше 77-годишната Феј Данавеј, така што како што вели Максвел, да се биде „баба е сосема кул“.

 

 

 

 

A post shared by HELMUT LANG (@helmutlang) onAug 14, 2018 at 8:29am PDT

 

 

A post shared by HELMUT LANG (@helmutlang) onAug 14, 2018 at 10:52am PDT

 

 

A post shared by HELMUT LANG (@helmutlang) onAug 14, 2018 at 3:07pm PDT

 

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk) onJul 20, 2018 at 8:14am PDT

 

Објавено:
29 август 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
190 пати