Тијана Вуксановиќ, студентка на Филолошки факултет во Скопје, урбана млада девојка вљубеничка во модата е среќничката која го доби ваучерот за шопинг на тематската забава организирана од модната куќа „Елена Лука“ во кафе Драма.
Деновиве таа ги посети салоните на Елена Лука и избираше помеѓу богатата понуда на дизајнерски парчиња.
“Планирам да одберам некои елегантни и специфични дизајнерски парчиња бидејќи сметам дека Елена Лука е бренд кој нуди една поинаква и невообичаена уникатна мода, поразлична од стандардот. Креацииите би сакала да ги вклопам во мојот имиџ и сигурно би ги носела на некој убав настан или за мене некоја посебна пригода”, изјави Тијана за fashionel.
Изненадена од рачно изработениот накит со потписот на истиот бренд Тијана додаде: До сега не знаев дека Елена Лука покрај другото изработува и дизајнерски накит, така што ваучерот покрај облека сигурно ќе го искористам и за интересен накит кој ќе го вклопам во комплетниот стајлинг.
Во продолжение погледнете кој беше изборот на Тијана.
Коктел фустан со рачно цртани детали.
Комплет од кошула и здолниште од новата колекција Далга.
Сако во актуелна ментол зелена боја.
Транспарентна црна кошула.
Рачно изработен накит.
Рачно изработени обетки.
Обетки од колекцијата Fashion force.