Докторката на Анџелина Џоли прозборе за хирушките и емотивните моменти на актерката

17 август 2013

Славната актерка Анџелина Џоли го шокираше светот, кога изјави дека има двојна мастектомија и тоа превентивно. Тајната на Џоли ја знаеше само една жена, нејзината докторка Кристи Франк, која ја изведуваше операцијата во присуство на шесте деца на актерката.

Воедно, пред да биде изведен оперативниот зафат, Џоли беше известена од лекарите дека е можно да има генетски предиспозиици да добие рак на дојките или јајниците, исто како и нејзината мајка која почина од рак на јајниците во 2007 година на 56 годишна возраст. По оваа вест славната Џоли се одлучи да ги отстрани двете дојки и да се спаси од сигурна смрт. Во интервју за еден познат магазин, докторката Франк раскажа за пред и пост оперативните моменти на Џоли, како и детали околу нејзината емотивна состојба.

-За неа ова беше период за многу приватна работа, но чекаше да помине време кога да и ја открие на јавноста оваа вест.

Докторката зборува за тоа дека актерката дала голема жртва од себе за подиганње на свеста на луѓето околу оваа тешка болет.

-Кога една меѓу најубавите жени во светот, отстранува дел од своето тело што е симбол на женственост и сексуалност, зошто тоа би го направила? Во моментот е рекалсирана за оваа тема и животен проблем. Прегледите ги извршуваме редовно, таа се чувствува одлично и ништо поразлична од претходно, открива докторката Кристи.

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел