Документарен филм за Лејди Гага почнува со песната „Кавал свири“

15 декември 2018

За Лејди Гага досега се направени неколку документарни филмови, но оној од 2017 година насловен како „Gaga: Five Foot Two“ посебно ни го привлече вниманието.

Ако сте го гледале, тогаш веруваме дека сте се изненадиле од тоа што докуменарецот започнува токму со народната песна „Кавал свири“, која се изведува и во Бугарија и во Македонија.

Конкретно, во филмот е користена верзијата од бугарскиот ансамбл „Тракиа“, а освен на почетокот, истата е имплементирана и во еден од највозбудливите моменти во остварувањето, настапот на Лејди Гага на „Супер боул“.

Во некои текстови се сретнува податокот дека Гага и приватно ја сака изведбата на оваа песна, како и тоа дека со самото тоа што се работи за изведба од женски хор, таа сака да прати порака за моќта на женскиот глас. Исто така, со оглед на тоа дека песната се појавува токму во моментот кога таа го „освојува“ „Супер боул“, го симболизира и нејзиното искачување и победа во кариерата и музичкиот свет. 

Од друга страна, некои го толкуваат тоа како асоцијација на нејзиниот љубовен живот во тој момент - раскинувањето на свршувачката со Тејлор Кини, поинаква верзија на „Bad Romance“ и порака дека и покрај тоа што во го освојува светот, музиката од „Кавал свири“ и болката по изгубената љубов се посилни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onAug 24, 2017 at 1:00am PDT

Инаку, токму тој настап, како и објавувањето на албумот „Joanne“ на пејачката се клучните случувања во докуменратниот филм. Во тие 100 минути, ќе видите како Гага се справува со последиците од скршениот колк, притисокот околу новиот албум, подготовките за најспектакуларното шоу „Супер боул“. 

Во периодот кога се појавува документарниот филм, Гага веќе ја прифатила улогата за „A star is born“ и снимањето е започнато, но тоа е сè што се открива во врска со таа тема.

Пејачката, која е воедно и еден од продуцентите на документарецот, ќе ѝ понуди дел од својата приватност на публиката, порачувајќи дека зад блескавоста на сцената има слој на болка, солзи, пот, работа, среќа, стравови, неисполнетост, успех и неуспех...

Доколку не сте го изгледале, викендов можете да го сторите тоа.

 

Објавено:
15 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
320 пати