Долче и Габана отворија бутик за детска облека во Лондон

9 декември 2013

Од  пред само неколку дена на лондонската улица „ 8 Sloan“ е позициониран новиот детски бутик на славното дуо Долче и Габана кој  им е прв за продажба на детска облека.  Уреден со винтиџ мебел и многу играчки, овој бутик веќе стана еден од најпосакуваните за славните родители.

 

На отворањето,  заедно со својата ќерка пристигна и трендсетерката Тамара Беквид, која позираше пред фоторепортерите. Инаку,  во детскиот бутик на Долче и Габана ќе се продава облека за новороденчиња до деца на 12 годишна возраст.

Објавено:
9 декември 2013
Категорија: 
Актуел