Дуа Липа гламурозна за насловната на британскиот Вог

5 декември 2018

Таа моментално е најголемата поп музичка ѕвезда, а тоа е и повеќе од доволно алиби да се најде на насловната страна на јануарското издание на британскиот Вог.

23-годишната Дуа Липа изминативе неколку години направи вистински бум на поп сцената, нејзините музички хитови постојано се на врвот на светските топ листи, а концертите распродадени до последно место.

За јануарската насловна на Вог, Дуа е гламурозно олицетворение на модерната и урбана девојка, која ужива во својата популарност.

Во интервјуто за магазинот, меѓу другото Дуа зборува и за феминизмот и за самодовербата.
„Се чувствувам самоуверено во своето тело... Иако секогаш постојат нешта кои не ги сакаш кај себе, сепак многу поздраво е секој ден да си кажуваш две работи што ги сакаш во однос на својот изглед", вели поп ѕзведата во разговорот.

Извор: Вог

Објавено:
5 декември 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
430 пати
Тагови: 
Дуа Липа Вог