Дуа Липа: Поради моите родители верувам во љубов

17 мај 2018

„Многу верувам во љубов. Моите родители се виновни за тоа, бидејќи имаат навистина добра врска и мсилам дека ми поставија високи стандарди“, вака 22-годишната Дуа Липа го започнува разговорот за јунското издание на „Ел“, чија и насловна страница ја краси.

Освен фотографиите на кои носи креации од „Диор“, „Шанел“ и Симон Роша, низ страниците одговара на прашањата на нејзините обожаватели, а меѓу главните теми е љубовта. Всушност, и самото име на пејачката, кое го добила по баба си, значи „љубов“.

Во интервјуто ќе открие дека песните „Be the One“ и „Hotter Than Hell“ ќе ги напише инспирирана од раскинување на врска.

-Ги напишав, затоа што моето прво момче што сум го имала некогш направи константно да се чувствувам како да не сум доволно добра. Не сакав да знае дека сум тажна, па направив да изгледа како тој да не е доволен за мене и да ја прекинеме врската – вели пејачката.

Но, потоа следеа „Нови правила“ (New Rules), а таа направи голем скок во музичката индустрија. Неодамна стана првата жена пет пати номинирана за „Брит“ наградите и тоа во една година (освои две), а токму со „New Rules“ стана и првиот женски солист кој освои прво место на Британската топ листа, што не се случило од Адел и песната „Hello“ од 2015 година.

-Преку музиката откривам голем дел од мојот живот, така што сите гледаат и знаат како се чувствувам. Тоа ми го отежнува моментот да имам приватност, затоа што од друга страна пак, токму таа отвореност ми овозможува неверојатна врска со моите обожаватели – вели Липа.

 

Во моментов нема момче, но признава дека да биде сама ѝ е многу забавно.

-Кога сум сама, имам многу повеќе време за други работи, за себе. Кога си во врска, тоа време се крати, го посветуваш само на една личност. Не велам дека тоа не е забавно, но добро е понекогаш да излезеш и да направиш сè по твое. Целосно сум за многамија, но исто така сметам дека да го искусиш животот на своја кожа е нешто неверојатно важно. Кога си сам, учиш повеќе за себе, но исто така нема некој кај кој можеш да трчаш веднаш за помош, туку се ослонуваш исклучиво на себе – потенцира пејачката.

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
678 пати