Дуото 2Cellos во новата кампања на S.Oliver Black Label

9 мај 2017

S. Oliver Black Label за својата нова колекција пролет-лето 2017 како заштитни лица ги одбра шармантните Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер од популарното музичко дуо 2Cellos, објави сајтот fashion.hr.

Нивниот уметнички израз ги руши границите помеѓу музичките жанрови, од класична до филмска музика, од поп до рок, па токму затоа овие двајца врвни виртуози беа вистински избор за амбасадори на брендот, претставувајќи ја новата линија која е олицетворение на стилот на модерниот маж.

„Ние навистина одлично се снаоѓаме во филозофијата на s.Oliver. Облеката што ја носевме на снимањето е токму таква каква што сакаме да носиме вообичаено и во која одлично се чувствуваме" ги откриваат своите впечатоци од снимањето, двајцата талентирани музичари.

Во колекцијата застапени се од класични одела за свечени пригоди до лежерни стилски дводелни комбинации на панталони и блејзери, еднобојни маички и такви во пруги, повеќе варијанти на сакоа...

Објавено:
9 мај 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
131 пати