Дваесет фустани од високата мода во Париз кои секоја дама би ги посакала

5 јули 2013

Модната недела на висока мода во Париз заврши, а ние издвоивме дваесетина фустани кои секоја девојка би ги посакала за себе.

Alexis Mabile

Овој волуменизиран асиметричен фустан во црвена нијанса ќе биде вистински предизвик за сите оние дами кои обожават да експериментираат со својот стил.

Chanel

Дизајнот на Chanel  е препознатлив по драматичниот гламур, а тоа се докажува и со оваа креација - црн фустан со тул.

Dior

Смарагдно зелената боја е хит оваа сезона, а Dior понуди креација која е спој на елеганција и лежерен изглед дополнет со ракавици кои се одличен моден додаток.

Maison Martin Margiela

Кој не би посакал да носи херметички фустан со цветни додатоци?

Valentino

Модната куќа овој пат се одлучи за пастелни ниајсни, а ние посебно го издвоивме долгиот беж фустан со цветни мотиви.

Versace

Versace овој пат играше на сигурна карта, гламурот.

Giambattista Valli

Иако креира висока мода само две години, Valli за кратко време се искачи на листата на најдобрите, а доказ за тоа е величествениот бајковит фустан со цветни детали.

Elie Saab

Elie Saab е еден од најомилените брендови на жените ширум светот, па токму поради тоа не се сомневаме дека овој фустан инспириран од 50 години на минатиот век со длабоко V деколте ќе биде голем хит.

Cristophe Josse

Овој фустан е наменет за сите романтични души, односно креација од памук во нежно розова нијанса.

Giambattista Valli

Покрај големиот избор на макси фустани, Valli понуди и краток бел фустан со интересен колан околу струкот.

Stephane Roland

Црната нијанса е одличен избор за секоја пригода, па токму поради тоа оваа креација  е одличен погодок.

Elie Saab

Не не ни чуди што овој бренд е најомилен кај холивудските ѕвезди при избор на фустан за црвениот килим. Светкавиот елегантен фустан е секогаш добар избор.

Armani Prive

За сите оние кои сакаат да изгледаат како самовили, овој фустан е наменет за нив. Софистициран фустан со кристали кој ја прати линијата на телото.

Vionnet

Оваа креација е за сите оние дами кои ја обожаваат мистичноста на ориентот.

Giambattista Valli

И повторно Giambattista, но овој пат со креација во стилот на пеплумот.

Alexandrer Vauthier

Одлична комбинација од тесен топ со длабоко деколте и здолниште од пердуви – тоа е рецептот на Vautheier за оваа сезона.

Victor&Rolf

Холандското дуо понуди црн фустан со волуменизирана панделка на грбот.

Zuhair Murad

Ито како и Elie Saab, Murad е миленик на дамите, а на модната недела за висока мода се претстави со долг фустан со тантела и свила на долниот дел.

Giambattista Valli

Бел фустан со црвени цветни детали и спуштен ракав на едната страна.

Valentino

Долг фустан со везени детали и шлиц на предниот дел, тоа е препознатливоста на Valentino.

Објавено:
5 јули 2013
Категорија: 
Актуел