Две години FASHIONEL – созреваме и инспирираме

17 април 2015

Ако првиот роденден го прославивме во знакот на новите почетоци, вториот наздравуваме за созревањето, препознатливоста, новите пријателства и искуства, дефинирањето на нашето место во медиумскиот простор.

fashionel

Кога ќе се свртиме кон изминативе две години, горди сме на сите инспиративни приказни кои сме ги раскажале, а во кои вие сте се препознале, на сите интервјуа преку  кои сме ве запознале одблиску со значајни имиња, уметници, модни креатори, млади надежи или успешни претприемачи, луѓе кои оставиле свој печат во различни општествени сфери. Горди сме и на нашите патувања полни со незаборавни искуства кои ви ги доближивме преку нашите страници и фантастичните фотографии со кои документиравме магични и неповторливи моменти.

fashionel-01

Fashionel  прогресираше во платформа на која ги соочуваме талентите, зборуваме отворено за проблемите во модната индустрија, ги критикуваме недостатоците за да се пополнат празнините и безрезервно упатуваме пофалби за сите позитивни примери. Секогаш сме расположени со нашиот фотообјектив  да излеземе на улица каде вистински се случува и се живее модата. Тука реалноста е допирлива, модниот идентитет е основна дефиниција, а Fashionel  ги архивира во својата фотогалерија сите профили на луѓе со своја животна приказна.

Нашата младост и енергија е нашиот бенефит, размислуваме трезно, носиме свежи идеи и придонесуваме за циркулацијата на креативната енергија во модниот свет.

Fashionel на концерт на Влатко Стефановски Fashionel на концерт на Влатко Стефановски

Мирослав Масин Мирослав Масин

Основната филозофија која не води е отворен поглед и космополитски дух. Затоа, низ нашите страници секогаш има простор за оние кои творат и создаваат, и несебично ја истураат својата креативност независно дали се работи за домашни или странски модни инсајдери.

Fashionel во дискусија за образованието на младите македонски креативци, Европски Универзитет Fashionel во дискусија за образованието на младите македонски креативци, Европски Универзитет

Кампања против насилство врз жените Кампања против насилство врз жените

Македонската модна сцена секогаш ќе ја има нашата поддршка, дури и тогаш кога ја критикуваме, а интернационалниот моден свет веќе не е недостижна дестинација за нас.

Доделување на наградите за најстилските личности за 2014 година Доделување на наградите за најстилските личности за 2014 година

Токму затоа низ нашите содржини угостивме голем број дизајнери, стилисти, блогери, уметници, креативци, музичари...

Изминатава година бевме тука за млади дизајнери што работат надвор од Македонија. Ја проследивме приказната на Лидија Попчевалиева, дознавме каков е Париз низ призма на Јована Филиповиќ. Наши соговорници беа и искусни домашни дизајнери меѓу кои и Никола Ефтимов и Ненад Секирарски.

Лидија Попчевалиева Лидија Попчевалиева

Јована Филиповиќ Јована Филиповиќ

Никола Ефтимов Никола Ефтимов

Ненад Секирарски Ненад Секирарски

Будно ги следевме изданијата на Моден викенд Скопје, го проследивме и успехот на Олгица Ѓорѓиева на Бугарските модни награди. Изминатава година Македонија стана членка на Евроспкиот моден совет, а Елена Лука стана македонски Супербренд.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Олгица Ѓоргиева Олгица Ѓорѓиева

Елена Лука Елена Лука

Бевме и на отворањето на нов салон на овој македонски бренд во Струмица, како и на ревијата по повод јубилејот на Технолошко-металуршкиот факултет. Го проследивме успехот на младите македонски дизајнери во Виена, а зборувавме и за талентот на нашата Милена Трајковиќ.

TMF јубилеј TMF јубилеј

Фантастичната уметност на Милена Трајковиќ Фантастичната уметност на Милена Трајковиќ

 

Бевме и на роденденот на МТВ, а направивме и модна ретроспектива на Скопскиот фестивал. Бевме дел и од полнолетството на Златна Бубамара. Ги поврзавме успехот и модата во деловниот свет, а вашето внимание го задржавме и преку интересните приказни од Скопската Чаршија. Специјално за Fashionel.mk своите искуства ги споделија и жените од АРМ, а едни од оние што ни ги раскажаа животните приказни се и Зоки од Џубокс и Игор Џамбазов. За својата љубов ни зборуваа и Нора и Марко.

Златна Бубамара Златна Бубамара

Стара чаршија Стара чаршија

Нора и Марко Нора и Марко

Жени во АРМ Жени во АРМ

Зоки Џубокс Зоки Џубокс

Особено сме горди и на нашиот видео проект FashionelTV каде преку видео интервјуа ви презентиравме една поинаква перспектива на нашите познати личности.

Во изминатава година се дружевме со TK Wonder, Реми од познатата група „Елементал“, ја почувствувавме магијата на музиката на Дуке Бојаџиев, Влатко Стефановски. Се дружевме и со Мартин Мила и неговата прекрасна ќерка, ја раскажавме и приказната за 103-ка. Наши гости беа и Нина Бадриќ, Трајче Гоергиев и Раде Шербеџија.

ТК Wonder ТК Wonder

Реми од Елементал Реми од Елементал

Дуке Бојаџиев Дуке Бојаџиев

103-ка 103-ка

Нина Бадриќ Нина Бадриќ

Не ја заборавивме и седмата уметност, актерите, театарот. Српскиот актер Милан Васиќ зборуваше за својот стил, одевме на наши премиери, а Лисистрата беше една од оние што имаа импонзантна костимографија. Ја следевме работата и стилот на млади актери, а бевме и дел од 70-годишнината на МНТ.

МНТ 70 години МНТ 70 години

Лисистрата Лисистрата

Низ содржините понудивме интересни приказни, зборувавме за тоа што е инклузив дизајн, колку дизајнот влијае врз нашите купувачки одлуки, ги кажавме нашите ставови за актуелни теми од модниот и културен живот.

Инклузив дизајн Инклузив дизајн

Марко Новески Марко Новески

Во втората година од постоењето направивме интервјуа и со успешни дизајнери и стилисти од регионот, меѓу кои Ивана Муришиќ, Ивaна Пиља, Михано Момоса, Ивана Рабреновиќ.

Ивана Муришиќ Ивана Муришиќ

Ивана Пиља Ивана Пиља

Бевме тука да ги слушнеме приказните на Игор Џамбазов, Перо Антиќ, и урбаните ставови на екипата од Петар за појадок и пауза.

Петар Ѓошев Петар Ѓошев

Интервју со Игор Џамбазов Интервју со Игор Џамбазов

Перо Антиќ Перо Антиќ

Во изминатава година ви ги пренесовме и искуствата од модниот спектакл на Вивиен Вествуд во Будва. Бевме и до Париз и Милано од каде гледавте и читавте за тамошната улична мода. Прошетавме и до Белград, каде направивме едиторијал со Тијана Дапчевиќ. Ги наградивме најдобро облечените за 2014 година, а бевме дел и од кампањата против насилство врз жената, како и од Женската трка со порака да се грижите за вашето здравје.

Fashionel на ревијата на Вивиен Вествуд во Будва Fashionel на ревијата на Вивиен Вествуд во Будва

Од ревијата на Вествуд Од ревијата на Вествуд

Едиторијал и интервју со Тијана Дапчевиќ Едиторијал и интервју со Тијана Дапчевиќ

Fashionel.mk беше избран и за еден од најдобрите сајтови за 2014-та година.

Fashionel меѓу најдобрите сајтови за 2014 година Fashionel меѓу најдобрите сајтови за 2014 година

Нашиот список не завршува тука...

Продолжуваме со исто темпо, урбано и со став. Но, и со надеж дека ќе другаруваме со вас и со  уште многу нови пријатели уште многу години.

Им БЛАГОДАРАМЕ  на  сите оние кои придонеле и придонесуваат Fashionel да биде наша заедничка гордост!

Објавено:
17 април 2015
Категорија: 
Актуел