Двете страни на #10yearchallenge

17 јануари 2019

После јајцето кое го сруши рекордот на Кајли Џенер за најлајкувана фотографија, и во моментов има речиси 47. милиони допаѓања, на социјалните мрежи се појави нова активност.

Се работи за предизвикот наречен #10YearChallenge, чија цел е да се види дека стареењето може да биде убава работа и дека не треба да се срамиме од годините, туку дека треба да ги прегрнеме.

Предизвикот експресно брзо се прошири низ социјалните мрежи, а голем број познати личности се приклучија. 

Но, од друга страна, овој презивик зема и други рамки. 

Во морето фотографии и славењето на убавината, се појавија и фотографии од Сирија, Ирак, Либан пред десет години и сега, ставајќи фокус дека додека за едни деценијата донела нови бори, за други донела војна.

Беше посочено и на тоа дека за овие 10 години глобалното затоплување зема сериозен замав и дека тоа се темите што треба да не' предизвикаат, наместо убавината, па така овој предизвик доби и посериозен тон и не“ натера да се запрашаме што всушност се смени за само 10 години?

Ние во продолжение ви ги презентираме некои од најкоментираните и највпечатливите фотографии кои се појавија деновиве:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Reese Witherspoon (@reesewitherspoon) onJan 14, 2019 at 7:57pm PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Tyra Banks (@tyrabanks) onJan 13, 2019 at 4:54pm PST

Објавено:
17 јануари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
792 пати