Ако ви требаше малку светлина во облачниов ден, тогаш оваа слатка двојка дефинитивно ќе биде тоа.
Станува збор за D.W и Willie Williams, двојка од Северна Каролина која неодамна прослави 82 години брак, а истовремено двајцата ги прославија и нивните родендени – D.W 103 – тиот, а Willie 100 – тиот.
Нивното семејство им организирало забава по повод родендените и јубилејот на која ги поканиле сите нивни блиски, а на истата двојката одржала прекрасен говор.
„Ние не се расправаме никогаш. Ако дојде до некое недоразбирање, едноставно седнуваме и разговараме за тоа“, велат тие, додавајќи дека не постои универзална тајна за успешен брак.
Она што имаат да го кажат во однос на тајната за долг брак е многу едноставно и неверојатно точно и применливо.
„Само бидете љубезни еден кон друг“, вели прекрасната Willie.
Тие ќе кажат дека најголемиот дел од времето го поминуваат заедно уживајќи во едноставните работи како гледањето телевизија или решавањето крстозбор.
Нивните најблиски велат дека се пресреќни што сè уште можат да уживаат во нивното друштво и да гледаат како ја негуваат нивната 82 годишна љубов.