Двојникот на Лео во кампања на Ралф Лорен

25 февруари 2016

Конрад Анеруд, Швеѓанецот што благодарение на неговата неверојатна физичка сличност со актерот Леонардо Дикаприо стана мега популарен на социјалните мрежи, го имаше својот прв ангажман во модниот свет.

Неговиот прв чекор во оваа индустрија е прилично сериозен со оглед на фактот дека се работи за кампања на престижниот бренд Ралф Лорен.

Талентот за позирање пред камерата и харизмата што ја поседува, е дополнителна причина да веруваме дека 21-годишниот Конрад има ветувачка кариера пред себе.

 

 

Објавено:
25 февруари 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
501 пати