Џенет Џексон стана мајка на 50 години

4 јануари 2017

Американските медиуми вчеравечер соопштија дека популарната музичка ѕвезда Џенет Џексон го родила своето прво дете и дека и бебето и мајката се во добра состојба.

„Џенет и нејзиниот сопруг Висам Ал Мана се неверојатно возбудени за нивниот прв син кој го крстија Ајса Ал Мана. Таа имаше сосема нормално и супер породување, а сега се одмара заедно со бебето“, изјави нејзиниот портпарол за People.

За време на нејзината прва бременост, музичката дива реши целосно да се повлече од јавноста, но во ноември беше фотографирана на прошетка со нејзиниот сопруг, по што даде и изјава дека се чувствува сосема добро.

Таа ја потврди бременоста во октомври кога изјави дека има многу проблеми со утринските мачнини, но сето тоа е за супер цел.

Нешто подоцна нејзините пријатели соопштија дека таа е неверојатно возбудена за првата бременост и дека се чувствува навистина силно и спремно да биде мајка.

„Таа вели дека тоа е најдоброто нешто што некогаш и се случило. Се чувствува одлично, но сепак сака да одмара колку што може повеќе. Таа е свесна за компликациите што може да се случат, но засега докторите велат дека е во супер состојба. Џенет сака да остане здрава за неа и за нејзиното бебе, се молеше за ова долго време“, велат нејзините пријатели.

Братот на пејачката неодамна изјави дека таа ќе биде супер мајка бидејќи е неверојатно силна жена.

„И реков дека ако и треба помош за промена на пелените, да ме повика веднаш бидејќи јас сум човекот што најдобро го прави тоа“, се пошегува тој во едно интервју.

Објавено:
4 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.227 пати