Џенифер Лопез дизајнира за Џузепе Заноти

13 јануари 2017

Колекцијата обувки на Ријана и Маноло Бланик беше вистински погодок, а уште една ѕвездена соработка е на повидок. Се работи за Џенифер Лопез и дизајнерот Џузепе Заноти.

Познатата пејачка ќе дизајнира капсулна колекција обувки, а првите фотографии се веќе достапни. Освен тоа, Џенифер ќе дизајнира и два модела чанти.

Комплетната колекција ќе се појави кон крајот на јануари, а ќе го носи името „Џузепе Заноти за Џенифер Лопез“.

-Веќе долго време Џенифер е моја инспирација. Ми се допаѓа како изгледа во моите чевли. Некако природно дојде да соработуваме и да ја споделиме креативноста – вели италијанскиот дизајнер.

Пејачката додава и дека ќе ги исполнат очекувањата на обожавателите:

-Џузепе и јас создадовме колекција која содржи сè што очекувате од нас – опасни високи потпици, со жестоки обливи и секако светки и сјај! – најави Лопез.

Инаку, за потсетување, Заноти веќе соработуваше на ваква колекција со Бијонсе и Ања Рубик.

Освен фотографиите, во медиумите е лансирано и видео за тоа како изгледа процесот на подготовка, кое ви го презентираме во продолжение:

 

A video posted by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 10, 2017 at 5:43pm PST

 

Објавено:
13 јануари 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
559 пати