Џенифер Лопез ја претстави летната колекција

15 јуни 2015

jlo7

Поп-дивата Џенифер Лопез, по промоцијата на новото видео за песната Back it Up, ги претстави и новите фотографии за нејзината летна колекција, која повторно ќе биде достапна на онлајн страната на Kohl's.

Парчињата се тренди и сосема во стилот на пејачката. Фустани со принт, кратки шорцеви и бохо туники се дел од новите креации на Лопез.

И покрај тоа што на фотографиите е со долга, брановидна коса, уште еден од новитетите што им ги приреди Џенифер на обожавателите е новата фризура. Таа ја скрати косата, што предизвика различни коментари.

Како и да е, таа успева секогаш да биде во тренд со се' и да го насочи вниманието кон себе.

Во продолжение погледнете ги првите фотографии од новата летна колекција со потпис на пејачката и актерка, како и дел од работната атмосфера.

jlo1

jlo2

jlo3

jlo4

jlo5

jlo8

Објавено:
15 јуни 2015
Категорија: 
Актуел