Џенифер Лопез: Јас сум среќна жена!

26 јули 2018

Сите светски медиуми пренесуваат за малата, семејна роденденска забава на Џенифер Лопез по повод нејзиниот 49-ти роденден.

Прво светот го обиколија фотографиите од дневната забава на Бахамите, на која Џенифер во бикини покажа како може совршено да изгледа жена во 49-та година од својот живот, секако доколку перманентно работи на себе, а за неколку часа се појавија и нови фотографии од вечерната журка во присуство на најблиските членови на семејството, нејзиниот дечко Алекс Родригез и нивните деца.

Џенифер во краток зелен фустан на преклоп, модифицирана верзија на кимоно, изгледа беспрекорно, а коментарите со честитки и пофалби за нејзиниот изглед под фотографиите објавени на социјалните мрежи, се уште не стивнуваат.

Таа им се заблагодари на сите преку порака на социјалните мрежи:

-... Бев толку воодушевена од сите честитки и роденденски желби што ми ги испративте. Се чувствувам благословена што ве имам во мојот живот! Ви благодарам на сите што ми испративте видеа и роденденски честитки. Јас сум среќна жена што имам толку прекрасни и лојални фанови и следбеници. Сакам да знаете дека сум ви вечно благодарна на сите! Се надевам дека уште долго ќе продолжам да ве забавувам, инспирирам и да споделувам се што научив со вас на секој можен начин. Искрено, тоа е најзначајниот роденденски подарок што Бог ми го подарил.

Фото извор: Just jared

 

 

Објавено:
26 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.892 пати