Џенифер Лопез опасно секси и на 46 на насловната на Paper

25 август 2015

По кој знае кој пат Џенифер Лопез покажа зошто е една од најсексапилните жени во светот, позирајќи заедно со првиот човек на Балман, Оливие Рустенг за насловната на магазинот Paper. 

Прекрасната 46 – годишна пејачка се појави на една од насловните на магазинот под насловот Luxe in Flux, додека на другата можеме да го видиме уникатниот Џереми Скот заедно со најголемата поп ѕвезда во Јужна Кореја, CL. 

На насловната, можеме да ја видиме Џенифер во супер секси издание, во фантастично украсен фустан на Балман, со залижана коса и остро нашминкани очи и црвени усни. 

На насловната можеме да ја видиме заедно со првиот дизајнер на Балман, 29 – годишниот Оливие Рустенг кој ќе каже дека таа е неговата вечна муза. 

Додека на оваа насловна можеме да видиме вистински луксуз и неверојатна жена, на втората насловна на Paper на која се појавија Џереми Скот и CL, гледаме вистински колорит и две светски сензации. 

Џереми и CL, нормално, се одлучија за колоритни парчиња од Москино, многу накит и уникатни круни. 

Двете изданија на септемврискиот број на магазинот, се целосно посветени на луксузот и луксузните парчиња, нивната вистинска вредност, што претставува лускузот денеска и каква е неговата иднина.

 

Објавено:
25 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.401 пати