Џенифер Лопез за Нова година ќе добие свршенички прстен?!

22 декември 2017

Џенифер Лопез навистина ужива во празничната магија, ако судиме по Инстаграм објавите на нејзиниот профил и профилот на Алекс Родригез. Неодамна повторно со своите следбеници сподели дел од атмосферата во домот, позирајќи покрај огромна елка, украсена со црвени лампиони и многу златни сијалички.

Но, тоа не е единствената работа за која светските медиуми пишуваат деновиве. Нејзиниот партнер, Алекс Родригез неодамна купи нов приватен џет за 14 лица, вреден 40 милиони долари. 

Како пренесува „ТMZ“, новиот џет му бил донесен на Родригез во средата на Флорида, токму во пресрет на празниците. 

Инаку, двојката за Божиќните празници ќе отпатува на Бахамите, а во медиумите веќе почнуваат шпекулациите дека Родригез токму тогаш планира да ја запроси Џенифер.

Извор близок до двојката вели дека „тие функционираат одлично заедно и дека и децата на Алекс и близнаците на Џенифер им велат дека би било супер да се земат. И двајцата веќе зборуваат за брак, но Џенифер ќе го чека оној “старомодниот“ начин, да биде запросена“.

Познатата ѕвезда во интервју за магазинот „HOLA!USA“ во септември изјави дека навистина се чувствува среќна со Алекс.

„Во навистина добра врска сум, дури можеби по првпат во животот. Тоа не значи дека сум немала добри врски, исполнети со љубов и авантура, но ова е првата каде што чувствувам дека еден со друг се правиме подобри личности. Се надополнуваме, и меѓу нас постои навистина искрена и вистинска љубов. Едноставно, секој од нас сака да го поддржи другиот и да го направи среќен. Постои друг тип на несебичност во љубовта, која е прекрасна!. Ова е „златното доба“ на мојот живот. Блескам како никогаш порано, а сè поради тоа што се чувствувам како подобра личност, ќерка, мајка, пријател и партнер“, вели пејачката, која претходно беше 10 години во брак со пејачот Марк Ентони.

Доколку Алекс Родригез навистина ја запроси, ова би бил четврти брак за Лопез, а втор за спортистот.

 

 

Објавено:
22 декември 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.829 пати