Џенифер Лоренс е најплатената актерка на светот

22 август 2015

Форбс ја објави листата на најплатени холивудски актерки, а на првото место се најде ѕвездата на Hunger Games и американска миленичка Џенифер Лоренс.

Само минатата година, актерката заработила вкупно 52 милиони долари што и го загарантира и првото место на престижната листа на магазинот Форбс.

На второто место се најде Скарлет Јохансон со заработка од 35, 5 милиони долари, но и двете се многу далеку од заработката на најплатениот актер на светот Роберт Дауни Џуниор кој минатата година заработи неверојатни 80 милиони долари од само три филма.

И Шарлиз Терон и Џенифер Лоренс се борат за тоа холивудските актерки да бидат подеднакво платени за улогите во филмовите како што се холивудските актери. Наводно, Лоренс во јуни годинава потпишала договор за снимање на нов филм Passengers, каде ќе глуми заедно со Крис Прат.

Се шпекулира дека за оваа улога таа ќе добие 20 милиони долари, додека нејзиниот колега 12. Очигледно, битката се исплати!

Објавено:
22 август 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.000 пати